Изворни датотеки

Како да се земат

Поединечни датотеки со преводи можат да се земат со кликање на саканиот модул во хиерархијата на страниците за моментален статус на преводите. Ако програмата за која се интересирате е барем делумно преведена, ќе Ви биде понудена соодветната .po-датотека. Ако програмата не е преведена, ќе Ви биде понудена .pot-датотека.

Ако Ви се потребни сите преводи, т.е. целата дистрибуција, за симнување се користи анонимен пристап преку SVN до главниот сервер на KDE. Изворните преводи не ги дистрибуираме во форма на .tar-датотека, затоа што доста често се случуваат промени во преводите и премногу време би ни одземало по секоја промена да пакуваме нова архива. Со SVN можете едноставно да ги освежите Вашите локални изворни датотеки со тие што се променети.

Симнување и првична инсталација

  1. Треба да го имате инсталирано софтверскиот пакет Subversion (SVN). Ако во Вашата дистрибуција нема таков пакет, може да го симнете од страниците на Subversion.
  2. Направете си посебна папка каде што ќе го чувате „складиштето“ (repository), на пример со mkdir ~/kdestable.
  3. За да ги симнете датотеките со преводите, во терминал извршете ги следниве наредби:

    cd ~/kdestable
    export MKDE=svn://anonsvn.kde.org/home/kde/branches/stable/l10n
    svn -N checkout $MKDE
    cd l10n
    svn checkout $MKDE/mk
    svn checkout $MKDE/templates
    svn checkout $MKDE/scripts

    Со последните три наредби се прави иницијалното симнување на преводите и на англиските оригинали соодветно, како и на потребните скрипти. Се работи за поголемо количество текстуални податоци, што е приближно еднакво на 6МБ бинарни податоци.
    Датотеките со преводите се наоѓаат во ~/kdestable/mk/messages, а датотеките со англиските оригинали се во ~/kdestable/templates/messages.
  4. За да ги инсталирате симнатите датотеки, извршете ги следните наредби:

    cd ~/kdestable/l10n
    scripts/autogen.sh mk
    cd mk
    ./configure
    make
    make install

Освежување на локалното складиште (repository)

Ако сакате да бидете во тек со преводите, ќе треба повремено да го освежувате складиштето. Тоа се прави со:

  • cd ~/kdestable/l10n
    svn update mk
    svn update templates
    svn update scripts