Маратон

Повторно новости (и повторно долга пауза). Последната верзија на КДЕ е 3.5.2, а на крајот на мај се очекува излегувањето на 3.5.3, се разбира со најновите преводи. Тука се вклучени и преводите од маратонот одржан во Битола. Бидејќи преводите се (релативно) стабилизирани, градење на преводот од изворните датотеки се препорачува само за напредните корисници и корисниците заинтересирани за последните новости. Поздрав.