Програмирање на македонски

Во рамките на проектот на КДЕ за едукативен софтвер, КДЕ-ЕДУ, се наоѓа и апликацијата КЖелка, интерпретер за програмскиот јазик Лого. Целта на оваа апликација е децата да ги изучуваат основите на математиката, геометријата и програмирањето.
Една од новостите во последното издание на КДЕ, 3.5.7, е можноста во КЖелка да се програмира на македонски јазик. Заедно со апликацијата доаѓаат и неколку примери за апликации со кои може да си играте. Моментално нема достапна документација на македонски за клучните зборови, па на предавачите им се препорачува разгледување на датотеката со преведените клучни зборови.
Поздрав.

Забелешка: Веднаш по излегувањето на верзијата 3.5.7 беше забележана грешка во апликацијата која оневозможува зачувување на програмите. Грешката е поправена во развојното стебло, а упатствата за компилирање на изворниот код се тука.