мКДЕ е повторно активен

По 2-годишна пауза, проектот за македонска локализација на КДЕ е повторно активен. Во последниве месеци, група од неколкумина луѓе преведува разни компоненти на гранката 3.1 од КДЕ и како резултат на тоа македонската локализација наскоро повторно ќе биде вклучена во официјалната дистрибуција на КДЕ 3.1. Имаме и нова веб-страница, http://mkde.sourceforge.net/, нова поштенска листа, нови пакети за локализација, упатства, ... Разгледајте!