Програмирање на македонски

Во рамките на проектот на КДЕ за едукативен софтвер, КДЕ-ЕДУ, се наоѓа и апликацијата КЖелка, интерпретер за програмскиот јазик Лого. Целта на оваа апликација е децата да ги изучуваат основите на математиката, геометријата и програмирањето.
Една од новостите во последното издание на КДЕ, 3.5.7, е можноста во КЖелка да се програмира на македонски јазик. Заедно со апликацијата доаѓаат и неколку примери за апликации со кои може да си играте. Моментално нема достапна документација на македонски за клучните зборови, па на предавачите им се препорачува разгледување на датотеката со преведените клучни зборови.
Поздрав.

Забелешка: Веднаш по излегувањето на верзијата 3.5.7 беше забележана грешка во апликацијата која оневозможува зачувување на програмите. Грешката е поправена во развојното стебло, а упатствата за компилирање на изворниот код се тука.

КДЕ4

Здраво на сите. Еве сме повторно со нови вести. Од денес официјално отпочнува локализацијата на новата верзија на КДЕ, КДЕ4. Македонскиот превод е скоро целосен (преостанати се претежно разните алатки за програмери), но се надеваме дека со КДЕ4 преводот ќе биде целосен. Поздрав...

Маратон

Повторно новости (и повторно долга пауза). Последната верзија на КДЕ е 3.5.2, а на крајот на мај се очекува излегувањето на 3.5.3, се разбира со најновите преводи. Тука се вклучени и преводите од маратонот одржан во Битола. Бидејќи преводите се (релативно) стабилизирани, градење на преводот од изворните датотеки се препорачува само за напредните корисници и корисниците заинтересирани за последните новости. Поздрав.

Новости

По подолга пауза се враќаме со новости. Моментално сме официјално во КДЕ 3.4, а се одржуваат преводите за КДЕ 3.3 и КДЕ 3.4. Во подготовка е и редизајн и освежување на овие страници. Бидејќи (сега засега) нема бинарни пакети инсталацијата на македонската локализација на КДЕ се прави со изворните датотеки. Засега толку.

Kdeedu

Македонските преводи на КДЕ 3.1 и 3.2 се дополнети со kdeedu. Земете ги од вообичаеното место...

Официјално...

Македонската локализација повторно официјално се дистрибуира со КДЕ 3.1. Многу нови преведени апликации. Земете ги најновите пакети...

Преведен е kdebase

Новица комплетно го преведе kdebase. Отворена е и нова поштенска листа за новости! Зачленете се на оваа страница ако сакате да добиете известување кога ќе се појават нови преводи.

мКДЕ е повторно активен

По 2-годишна пауза, проектот за македонска локализација на КДЕ е повторно активен. Во последниве месеци, група од неколкумина луѓе преведува разни компоненти на гранката 3.1 од КДЕ и како резултат на тоа македонската локализација наскоро повторно ќе биде вклучена во официјалната дистрибуција на КДЕ 3.1. Имаме и нова веб-страница, http://mkde.sourceforge.net/, нова поштенска листа, нови пакети за локализација, упатства, ... Разгледајте!

Syndicate content